ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „БЕЛА САМА” ОД ВИОЛЕТА ТАНЧЕВА ЗЛАТЕВА

📅 13. февруари 2024 година, 19:19 часот
📌 Салон Империјал 2
На 13 февруари, од 19:19 часот, во Културно-информативниот центар ќе се промовира најновото прозно дело на истакнатата македонска авторка Виолета Танчева-Златева.
Промотор ќе биде Ана Јовковска, добра познавачка на македонската реч. Во издание на ТРИ, овој роман е суштинско навлегување во темите на мајчинството, женскиот принцип и трагичните околности во животот.
Повелете да ѝ посакаме официјално добредојде на оваа книга, која е вистинско обележје на македонскиот современ роман. Навраќање кон човечките вредности, а едновремено и чекор напред кон излегување од патријархалноста и стереотипите. Да ги овековечиме безвременските вредности на квалитетната македонска книжевна сцена.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светата великомаченичка Ирина

Светата великомаченичка Ирина Живееше во апостолските времиња на Балканот во некој град Магедон, каде што …