ВИКЕНД МЕТЕО АНАЛИЗА: Длабок циклон со центар над Џенова ни носи силен јужен ветер и дожд!

Метео прогноза на Славчо Попоски:

За време на овој викенд и тоа под влијание на длабок циклонски систем со центар над Џенова, кај нас следува голема промена на времето.


Најпрвин ќе дува засилен, до повремено силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час). Во недела, како и во почетокот од следната седмица ќе има врнежи од дожд и истите локално ќе бидат обилни (локално се очекува да наврнат над 25 л/м2 воден талог).

Во Скопје и околината исто така ќе дува засилен ветер од јужен правец, а во недела, како и во почетокот на следната седмица ќе има повремени врнежи од дожд.


НАПОМЕНА: Поради изразеното јужно и југозападно воздушно струење, од Сахара кон нашата територија ќе се врши транспорт на прашина и на песок, па така и Атмосферата ќе биде заматена, а дождот кој ќе врне ќе биде валкан.

Што се однесува до температурите, тие и понатаму ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервлот од 12 до 17 степени.


Поради големата промена на времето која не очекува, Биометеоролошките услови ќе бидат многу неповолни, па така кај метеопатите ќе се јават значителни здравствени проблеми.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 22.02.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Типични претставници на Овен имаат одличен работен ден пред нив. Со добра организација …