Пред лето на вага: Во најава ново правило кое ги дискриминира „пополните“

Во најава ново правило на патување кое посебно ги погодува „тешките“…
Идејата дошла од британскиот технолошки стартап кој тврди дека има решение за намалување на емисијата на водород, како и заштеди на авио-компаниите.
Патниците кои ги користат услугите на авиопревозниците наскоро би можеле да бидат мерени пред секој лет, бидејќи нивната тежина не е без значење кога станува збор за емисија на водород и заработувачката на авио-компаниите.
Оваа идеја дошла од британскиот технолошки стартап кој тврди дека има решение за намалување на емисијата на водород, како и заштеда на авио-компаниите.
Станува збор за фирмата Fuel Matric, која предлага патниците да се мерат со употреба на извесни подметнувачи за притисок, кога ќе дојдат да се чекираат, слично како што се мери чекираниот багаж.
Целта на ова навлегување во килажата е прецизно да се пресмета количеството на гориво неопходно за летот, ограничувајќи го прекумерниот трошок. Авио – компаниите веќе користат извесни трикови за да стасаат на време и да заштедат гориво, но оваа мерка, би се кажало е екстремна.
Меѓутоа, авио-компаниите моментално вкупната тежина на своте патници ја пресметуваат користејќи процени во однос на нивниот пол, па така за мажите се зема дека во просек се тешки 88. килограми, за жените 70. а за децата 35.


Иако станува збор за само еден процент на гориво кое моментално бадијала се троши, доколку би била применета новата технлогија, ширум светот би можело да се заштеди скоро милијарда доалри, секоја година.
Полните лица очигледно дека немаат среќа во оваа фаза на капитализмот. Така, покрај тоа што во некои држави плаќаат поскапо здравствено осигурување, на Санторини им е забрането да јаваат магариња, а прашање е дали овој тренд ќе продолжи.
„Не сугерираме дека луѓето би требало да стојат на ваги, но на аеродромите би можеле да користат подметнувачи на притисок во делот за услужно чекирање на торбите“, рекол извршниот директор на компанијата Fuel Matric, Ник Брејзер, објаснувајќи дека, после проверката на торбите, системот би можел да го праша патникот дали стои на подметнувачот за притисок, а доколку тој притисне ‘да’, неговата тежина би била измерена и проследена во авио-компанијата – секако, со максимално почитување на приватноста.
Fuel Matric,наводно, е во преговори со неколку авио-компании и аеродроми во врска со пружање на овие услуги. Прашањето на дискриминација ќе го оставиме за друг пат, бидејќи иако сме сите родени еднакви – изгледа дека се разликуваме во тежина, висина, обем, претци и потекло, а тоа се може да се наплати низ некое економско оправдување, што е прашање на момент.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 19.05.2024 година во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Организирајте убаво дружење, дружете се со пријателите, опуштете се и пред се одморете. …