„Поглед(н)и“ самостојна изложба на фотографии од Никола Станишлевиќ

На 12 јануари 2024 (петок), во Europe House Струмица, со почеток во 18:30 часот, ќе биде отворена првата самостојна изложба на фотографии од младиот и талентиран Никола Станишлевиќ, насловена „Поглед(н)и“.

Со својата визија и уметнички израз, Никола ќе ве внесе во својот свет низ објективот, кадрите и емоциите.


“Погледни, најповторуваниот збор во фотографијата. Нашите погледи им даваат на луѓето “поглед” во тоа кои сме ние, затоа и постои оваа изложба, да ни ја покаже убавината на погледот”, вели авторот на оваа изложба.

Дојдете заедно да уживаме во прекрасните дела на овој млад струмички талент, кој секојдневно лови поглед и кадри со својот фотоапарат.


Ве очекуваме!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На регионот, како и на Македонија и се закануваат локални поројни поплави: Од вечерва, па и во текот на наредната недела силни врнежи, грмежи и временски непогоди

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклон од западна Европа, од вечерва, па …