Починало братчето на девојчето кое беше првото дете убиено во руската инвазија на Украина

Според украински извори, првото дете убиено во рускиот напад на Украина било ученичка од четврто одделение од Киев по име Полина. Украинските медиуми пред неколку дена објавија дека таа имала девет години.

Тие биле убиени од диверзанти
Таа и нејзините родители биле убиени од руска диверзантско-извидувачка група која отворила оган врз нивниот семеен автомобил, изјави заменик-градоначалникот на Киев, Володимир Бондаренко, а во нападот загинале нејзините родители, додека таа, нејзината сестра и брат биле тешко повредени.
„Се викаше Полина. Таа беше ученичка во 4-то одделение во основно училиште во Киев“, напишал Бондаренко.


Починало и братчето
Британските медиуми вчера објавија дека од раните починал и петгодишниот брат на Полина, Семјон. Информацијата е потврдена, пишува Independent, од семеен пријател. 13-годишната сестра Софија се уште е во болница на интензивна нега.
Украинската омбудсманка пред два дена соопштила дека досега во Украина загинале 21. дете, а 55. се повредени. Се проценува дека досега во Украина загинале над 2.000 цивили.


Фото: Принтскрин/Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси – Очекувајте невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на …