Починала глумицата од серијата „Resident Evil“: Имала 39. години

Актерката Жанет Маус, позната по улогата во „Resident Evil 8“, починала откако се борела со рак на дебелото црево. Имала 39. години.
Таа добила бројни признанија за нејзината улога во „Resident Evil 8: Village“, во кое со својата глума оживеала неколку ликови.
Маус, која исто така беше професор по глума, страдаше и од Кронова болест, еден вид на воспалително заболување на дебелото црево, а рак на дебелото црево и бил дијагностициран осум месеци пред нејзината смрт.


Починала во неделата, а нејзиниот свршеник Дасти Ворен се прости од неа на Фејсбук.
“Навистина сум тажен, но многу сум горд на неа. Таа се бореше со благодет и оптимизам, инспирирајќи се себеси и сигурен сум многу од вас”, напишал тој.

Покрај улогата во хит-франшизата, Маус беше позната и по тоа што глумеше во филмови како „My Effortless Brilliance“ и „Your Sister’s Sister“.
Почест и дало и драмското училиште Rон Розенфелд во Западен Холивуд, каде предавала глума, а многу фанови на социјалните мрежи се збогуваат со неа.

Фото: Тwitter.com

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …