(ФОТО) БОГАТИ СЕ И МИСЛАТ ДЕКА МОЖАТ СЕ: Откриено колку Рита Ора му понудила на ресторан за неа да ги прекрши ПРАВИЛАТА ЗА ЛОКДАУН!

РИТА ОРА била толку очајна да го прослави својот 30-ти роденден во ноември што била подготвена да плати огромна сума за да го оствари тоа и покрај заклучувањето.
Полицијата тврди дека претставник на славната пејачка се јавил во ресторанот „Casa Cruz“ и му понудил на шефот Скоти Бхатараи 5.000 фунти за да обезбеди „пијалоци и грицки“ за забавата, пишува The Sun.
Бидејќи поголемиот дел од неговиот персонал и онака не работел за време на пандемијата, Бхатараи вели дека сакал да ја олесни ситуацијата и дека бил алчен.
Бхатараи, наводно, и рекол на полицијата дека се очекува да пристигнат само седум гости, но до 21. часот по локално време се појавиле скоро 20. лица, вклучувајќи ја и манекенката Кара Делевињ и нејзината сестра Попи.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by RITA ORA (@ritaora)


Во неговата изјава исто така се напоменувало дека гостите, вклучувајќи ја и Ора, носеле свој алкохол и дека нивното обезбедување не сакало да се снима па ги исклучиле камерите.
Бхатараи одби да го именува претставникот кој ја приредил вечерата. Оттогаш е отпуштен.
Сопственикот на „Casa Cruz“, Николас Фалоус, за британскиот таблоид, откако полицијата упаднала на забавата, рекол дека тој не знае за неа бидејќи објектот е „во сопственост на акционери“.
Рита Ора подоцна се извинила и доброволно платила казна од 10.000 фунти.


Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …