Починал глумецот кој се прославил со улогата во „Рамбо“: Сталоне се простил од него!

Починал глумецот Брајан Денехи кој зад себе има кариера долга пет децении, пренесува Си-Ен-Ен.
Глумецот починал од природна смрт, во средата навечер, во својот дом во американски Конектикат на 81. година.
Неговата ќерка, Елизабет, ја потврдила веста за смртта, но нагласила дека неговата смрт не е поврзана со корона вирусот.


„Со тешко срце ве известувам дека нашиот татко Брајан, синоќа почина со природна смрт која не е поврзана со ковидот. Беше поголем од животот, великодушен, горд и верен татко и дедо. Ќе им недостасува на неговата сопруга Џенифер, семејството и пријателите“, напишала во објавата.
Една од неговите најпознати улоги била и онаа на шерифот Вил Тесли во филмот „Рамбо:Прва крв“ каде глумел со Силвестер Сталоне.
Силвестер Сталоне исто така се простил од него преку социјалните мрежи.

„Почина големиот глумев Брајан Денехи. Беше врвен перформер. Исто така беше ветеран од Виетнам кој многу ми помогна во градењето на ликот на Рамбо. Светот загуби голем глумец“, напишал Сталоне покрај нивната заедничка фотографија од филмот.
Денехи глумел во бројни филмови и серии меѓу кои и Best Seller, Tommy Boy, To Catch a Killer и Death of a Salesman. Неговата последна улога беше во тв серијата на ЕнБиСи, „Црната листа“ во која глумел од 2016. до 2019. година.


Освоил бројни награди меѓу кои и Златен глобус за најдобар телевизиски глумец, две награди Тони, а шест пати бил номиниран за наградата Еми.
Од 1959. до 1974. година бил во брак со Џудит Шеф со која има три деца. Во 1988. година се оженил со Џенифер Арнот со која останал се до смртта,а со неа има две деца.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …