Популарниот актер Хит Фримен, познат во светот по улогата на серискиот убиец Хауард Епс во првите две сезони од серијата „Коски“, починал на 41-годишна возраст. Тој починал во сон, во својот дом во Остин, Тексас, во саботата на 13. ноември.
Фримен бил исклучително популарен поради ликовите што ги играл. Некои од неговите позначајни актерски проекти од неговите рани актерски денови ги вклучуваат сериите „Ургентен центар“, „Без трага“ и „НЦИС“.
Фримен се појави и во филмовите „Tru Calling“, „Medical Investigation“ и во филмот „Nancy Drew“… Сепак, тој е најпознат по улогата во серијата „Bones“ во која две сезони го глумел Хауард Епс.
Засега не е јасна причината за смртта на актерот, но трагичната вест преку социјалните мрежи ја потврди актерката Ешли Бенсон. Таа објави фотографија со Фримен на Инстаграм и напиша: “Ќе те сакам засекогаш. RIP. Моите мисли се со семејството и пријателите на Хит Фримен”.
Деталите за смртта на Фримен се уште се тајна, иако странските медиуми пишуваат дека актерот починал во сон.
Фото: Принтскрин/Instagram