„ПИНГВИНОТ” во недела во КОТУР

Во недела(17.09) со почеток од 20 часот, во Котур ќе се одигра првата реприза на монодрамата „Пингвинот” во режија на Тамара Стојаноска, а во изведба на Лео Поповиќ. „Пингвинот” е интерактивна експериментална монодрама во која заедно со публиката ќе се потсетуваме на обичните мали моменти за кои вреди да се живее. Монодрамата е работена според авторски текстови на тимот, текстови на Данкан Мекмилан и Џони Донахjу и документарни материјали на Вернер Херцог. Со поврзување на сите овие материјали се фокусираме на теми околу менталното здравје, поточно депресијата и самоубиството и симболично ги поврзуваме сите овие интензивни чувства и со животинскиот свет и пингвините кои се едни од ретките животни кои што покажуваат знаци на депресија и суицид. Иако, сеуште не постои точен научен факт зошто пингвините во одреден момент се одлучуваат за таква постапка, не можеме, а да не чувствуваме поврзаност со овие животни кои можеби чувствуваат исто како нас. Претставата преку позитивни и комични моменти ја истражува комплексноста на тагата, генерациските трауми и растењето со депресивен родител. – вели режисерката на претставата.

Ова е авторски проект на Тамара Стојаноска и Лео Поповиќ во продукција на независниот театар „Златен Елец” од Скопје.


Билетите може да се резервираат на линк од самиот настан на социјалните мрежи или со порака на профилите од независниот театар.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот фолк пејач Душко Георгиевски

Душко Георгиевски е роден на 16 мај 1972 година во Свети Николе. Тој е македонски …