Која светски позната актерка е на сликата?

Меријем Узерли или Хурем Султан како што сите ја знаеме деновиве на својот инстаграм профил ги израдува своите обожаватели со мал времеплов. Прекрасната актерка сподели серија свои фотографии од кога била преслатко бебе преку фото спомени од детството и почетокот на кариерата до денес. Во описот на постот стои Time Travel 🧭 🧳 #timemachine

39-годишната германско- турска актерка Мерјем Узерли која се прослави со улогата на Хурем Султан во серијата „Сулејман Величествениот“, по многу турбуленции конечно веќе неколку години живее идиличен живот и често на својот профил објаува фотографии од своето семејство особено двете ќерки со кои летото уживаше во Берлин.


За сите оние кои уживаат да ја гледаат Мерием е актуелна за македонската публика со улогата на Селин во прекрасната серија „Мирисот на љубовта“ секој ден во 18:20 на Dizi Macedonia.

Селин е девојка која живее во мало гратче во Франција, романтична, вљубена природата и животот. Заедно со мајка и во работилницата создаваат оригинални парфеми исонува да го создаде мирисот на љубовта, но свесна е дека тоа нема да се случи додека не се заљуби. Сонот и го доближува Картал, млад бизнисмен од Турција, пораснат како посвоен син на Азис Алкан, негова десна рака во бизнисот и животот воопшто; сопруг на неговата проблематична ќерка Есра. На едно службено патување во Франција, неговиот живот се претвора во бајка. Ја запознава Селин жената со најубава насмевка.


Дали љубовниот сон ќе се скрши или ќе оживее останува да видиме. Уживајте во епизодите на „Мирисот на љубовта“ секој работен ден од 18.20 на Дизи.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …