*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
ПРЕД нас е октомври, интересен месец во кој нема да ни недостасуваат поволни можности на емотивен, деловен и финансиски план. Според астрологијата, најсреќни ќе бидат овие четири хороскопски знаци за кои ѕвездите подготвуваат бројни пријатни изненадувања:
Терезија
Терезиите ќе имаат многу причини за славење. За нив ова е месец полн со нови можности кои треба да ги искористат. Треба да престанат да се плашат од неуспех и да почнат посилно да се борат за она што го сакаат. Многумина очекуваат нова љубов, додека паровите би можеле да прослават свршувачка. Втората половина од месецот е одлична за напредок во бизнисот и носи одлични можности за заработка.
Близнаци
Одлично ќе се забавуваат, а излегувањето и забавата ќе бидат составен дел од секојдневието. Ќе бидат поопуштени од последните недели, а на проблемите ќе им пристапуваат смело, што ќе придонесе за нивно брзо решавање. Ова е месец на нови љубовни приказни, па самците би можеле да ја запознаат својата сродна душа, додека паровите ги очекува свршувачка или доаѓање на принова. Успехот во бизнисот нема да ги заобиколи ниту нив.