(ВИДЕО+ФОТО) СОЛИДАРНОСТ СО ИРАНКИТЕ – Турска пејачка си ја отсекла косата на сцена: „Ако ќе не грабате за неа, нема да ја имаме“

Протестите по смртта на 22-годишната Махса Амини се проширија низ Иран како шумски пожар, а поддршката на луѓето доаѓа од различни делови на светот. Сега на се’ се приклучи и познатата турска пејачка Мелек Мосо.
Мосо отсекла прамени од косата на сцената за време на нејзиниот настап за да изрази солидарност со жените од Иран. Нејзиното видео набрзо се прошири на интернет и доби многу пофални зборови.
Во видеото кое кружи на социјалните мрежи, Мосо, облечена во свечена бела облека со детали од тантела, отсекува дел од косата со ножици, додека публиката се слуша како ја бодри во позадина.

View this post on Instagram

A post shared by melek (@melekmosso)


Самата Мосо го сподели видеото на својот Инстаграм и напиша:
„Ако сакате да не фаќате за коса и да не вовлечете во вашата темница, ние ќе ја скратиме таа коса. Слободата треба да биде еднаква за сите во светот. Право на сите жени е да живеат хумано во овој свет. Различни ограничувања и прогонствата на моите сестри, каде било во светот, ми го кршат срцето“, напишала Мосо.
Пејачката додала дека стои покрај иранскиот народ и жените кои таму се борат за својата слобода.
Инаку, Мосо отсекогаш важела за „гласен“ поборник за правата на жените. Во 2020. година, пејачката беше симната од сцената затоа што го критикуваше ослободувањето на полицаецот силувач во Турција.
На еден од концертите таа го кажа следново: „Ако сакате да бидете отворени, отворете се. Ако сакате да зборувате, пуштете го гласот. Не ви треба никој да ви кажува како да се однесувате, што да правите, како да се облекувате, девојки. Вие имате свои крилја. Не мора да бидете под ничие крило. Летајте“.


Мосо важи за популарна пејачка во Турција, а позната е по бројните хитови, од кои некои можевме да ги слушнеме во серијата „Јама“ на малите екрани.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Излет на село – „Цветници“

Денес на празникот Цветници со почеток во 11:00 часот, во организација на Здружение за локален …