Откриена е причината за смртта на пејачката: Наоми Џад се самоубила

Кантри пејачката Наоми Џад, која беше позната како членка на групата The Judds, почина на крајот на минатата недела на 77-годишна возраст, а сега е откриена причината за смртта.
Имено, Наоми си го одзела животот само еден ден пред да биде примена во Куќата на славните на кантри музиката.


View this post on Instagram

A post shared by CMT (@cmt)



Нејзиниот сопруг Лери Стрикленд, со кој беше во брак 32 години, го прекинал молкот и изјавил дека поминуваат низ многу тежок период во семејството, и дека нивните срца се скршени.
Неговата изјава уследи по објавувањето на нејзините ќерки, кои со години настапуваат заедно со својата мајка како членови на The Judds.
„Денес се случи трагедија. Изгубивме убава мајка по долга борба со ментална болест. Ние сме скршени. Знаеме дека, како што ја сакавме неа, ја сакаше и нејзината публика. Се наоѓаме на непозната територија“, напишале нејзините ќерки.

This image has an empty alt attribute; its file name is naomi-dzad.jpg
Џад пишувала многу за нејзината борба со депресијата, па дури и спомнала самоубиство во отворено писмо објавено во 2018. година во списанието People.
„Сите кои тагуваат за смртта на некој што извршил самоубиство неизбежно се прашува: зошто се случи тоа? За жал, немаме многу добри одговори“, напишала тогаш пејачката.
„Знаеме дека самоубиственото однесување придружува многу мозочни нарушувања, како што се шизофренија, биполарно растројство и депресија. Самоубиството е всушност една од водечките причини за смрт што може да се спречи меѓу овие ментални болести“, додала таа.


Извор: Jutarnji.hr
Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …