Кралицата Елизабета Втора има подготвено голем број говори за големи настани, меѓу кои е и оној што ќе го одржи доколку се случи Третата светска војна. Оваа верзија на говорот е напишана во 1983. година за време на Студената војна, а на јавноста станала достапна во 2013. година, кога ја објавил Националниот архив на Велика Британија.
Одредени делови од говорот се застарени, но се верува дека неговата суштина ќе се искористи доколку избие нова војна. Текстот на говорот кој го пренесе Би-Би-Си се пренесува во целост.
View this post on Instagram
„Никогаш не ја заборавив тагата што ја чувствував додека го слушав татко ми (Џорџ VI) на тој кобен ден во 1939. година кога започна Втората светска војна. Немав поим дека еден ден ќе треба да го кажам истото. Сепак, какви и да не чекаат ужаси, сè што ни помогна двапати да ја зачуваме нашата слобода во текот на овој век, ќе ни помогне да преживееме повторно.
Сите знаеме дека сега се соочуваме со поголеми опасности од кога било досега. Непријателот не е војник со пушка или авијатичар кој лета над нашите градови и села, туку ја злоупотребува технологијата, која има смртоносна моќ.
Значи, мојата порака до вас е едноставна. Помогнете им на оние кои не можат да си помогнат, бидете утеха за осамените и бездомниците. Нека вашето семејство им даде надеж на оние на кои им треба. Додека заедно се бориме против злото, да се молиме за нашата земја и луѓето со добра волја, каде и да сме. Господ да ве благослови“.
Фото: Принтскрин/Instagram