(ФОТО) ЖЕНА ИЗВЛЕЧЕНА ОД УРНАТИНИ НА ЗГРАДА 6. ДЕНА ПОСЛЕ НЕСРЕЌАТА: Била свесна и цело време комуницирала со спасувачите!

Спасувачите во градот Чангша во централна Кина извлекле жива жена од урнатините на зградата која се урнала речиси шест дена претходно, објавија денеска државните медиуми.
Неименувана жена е 10-та преживеана од несреќата во која загинаа пет лица, додека десетици се водат како исчезнати.
Таа беше спасена доцна синоќа, околу 132. часа откако на 29. април ненадејно се урна задниот дел од шесткатницата.


Жената била свесна и ги советувала спасувачите како да ја извлечат за да не и предизвикаат дополнителни повреди.
Во потрагата се користени кучиња, дронови и електрични детектори на живи организми.
Најмалку девет лица се уапсени во врска со уривањето на зградата, меѓу кои и сопственикот, под сомнение дека не ги почитувале градежните прописи.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На 11 мај ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од Џузепе Верди

На 11 мај со почеток во 20.00 часот ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од …