Од 12 до 16 февруари  – ИНТЕРНЕТ-САЕМ НА КИНЕСКИ КНИГИ НА „МАКЕДОНИКА ЛИТЕРА“

Од утре (петок, 12 февруари) до 16 февруари, Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“, по повод Кинеска Нова година, ќе одржи Интернет-саем на кинески книги, изданија на „Македоника литера“.

На овој петдневен е-саем „Македоника литера“ ќе понуди и ќе претстави педесетина репрезентативни кинески книги од областа на кинеската култура, културна историја, класична филозофија, историја и белетристика. Меѓу другото, ги има објавено најпознатите филозофски класици, а ја објавува и серијата „Клучните концепти во кинеската мисла и култура“, од која досега се публикувани шест тома, а ќе ги објави деветте предвидени тома, по нивното публикување во Кина, кое треба за заврши оваа година.


„Македоника литера“ ја објавува и серијата „Најдобрата кинеска литература за деца“. Во рамките на таа едиција досега се објавени 13 тома со избор од прозното творештво на најпознатите кинески писатели за деца и млади. Минатата година објави и седум книги од најпознатиот и најпродаваниот писател за деца во Кина Шен Шиси, познат и како „кралот на приказните за животни“.


Прилог – е-каталог: https://issuu.com/makedonikalitera/docs/esaemnakineskiknigi

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …