НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп: Концерт на КУД Стив Наумов – Битола, мешан хор

На 8 јули 2022 /петок/ во 19 часот во фоајето од ЦК „ Марко Цепенков“ ќе се одржи концерт на КУД„Стив Наумов“ – Битола.
Програма:
Гласом мојим ко господу возвах- А.Архангелски
Тебе поем – Д. Христов
Достојно ест – Ј. Коџобашија
К Богородице прилежно- А. Архангелски
Тебје појем – С.Мокањац
Болналегнала – С.Гајдов
Македонска хумореска- Т. Скаловски
Рум, дум, дум- Д. Шуплевски
Голема чечкалица – Д. ПантичВелкович
When I fall in love – Kirby Shaw

This image has an empty alt attribute; its file name is plakat-na-kud-stiv-naumov.jpg
МЕШАН ХОР КУД „ СТИВ НАУМОВ “- БИТОЛА
Мешаниот аматерски хор на КУД „СтивНаумов” – Битола е првиот, најстариот македонски хор, формиран само два дена по 4 ноември, денот на ослободувањето на Битола, односно на 6 ноември во 1944 година. Пред 75 години, борците на Седмата македонска ударна бригада – Битолска, сакајќи што побрзо да се чуе слободна македонска песна, на плоштадот во Битола и поддиригентство наТодор Скаловски приредуваат музичка програма со хорски композиции.
Според архивата на КУД „Стив Наумов“ – Битола, по првиот концерт, десетици битолчани изразиле желба да се зачленат во мешаниот хор, кој од 1944 година до ден-денес без прекин работи во овој град. Но, битолчани барале место и во другите секции, кои тогаш и низ годините се формирале, како што биле играорната секција, рецитаторската и дувачкиот оркестар, потсетува Љубомир Трифуновски, актуелен диригент на мешаниот хор на КУД „Стив Наумов“ – Битола.
Во периодот од 1944 до 1969 година, освен Скаловски, диригенти биле и други лица, а од 1969 година, цели 50 години, со задоволство како диригент на хорот e Трифуновски, кој заедно со останатите членови ја пишува историјата на хорското пеење во Битола.
Секоја година работата на друштвото е значајна, но т.н. златен период се одвива во 1964 година, кога КУД „Стив Наумов“ во хорската секција има 120 члена, блех-оркестарот работи со 32 члена, народниот оркестар има 18, игроорната група е со 32 члена, забавниот оркестар – 16, хармоникашкиот оркестар – 30, мандолинскиот оркестар – 36, а во друштвото работат и 3 групи пионери и младинци хармоникаши, како и младинскиот оркестар со 25 члена.
Денес состојбата во КУД „Стив Наумов“ е идентична како и на самиот почеток од пред 75 години, бидејќи опстојува само мешаниот хор со 34 члена, кој, иако е аматерски, сепак функционира како професионален.Добитник е на многу награди и признанија како Орденот со сребрен венец и плакета потпишана од Јосип Броз Тито во 1975 година, највисокото македонско признание наградата „ 11 Октомври “, наградата „ Глигор Смокварски “ , највисокото признание на градот Битола „ 4 Ноември “ и многу други домашни и меѓународни признанија.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на книгата „Кобајаши Мару“ од Анде Јанков

Во Europe House во Велес, денес со почеток во 19:00 часот, во организација на книжевниот …