Излезе од печат вториот број на списанието за литература, култура и уметност „Современост“ за 2022 година

Денес излезе од печат вториот број на списанието за литература, култура и уметност „Современост” за 2022 година. Вториот број опфаќа 50 прилози на 254 страници вклучувајќи: интервју, 9 прилози проза, 11 прилози поезија, драмски текст, 5 приопштувања, 8 интерпретации, 10 вреднувања, афоризми, како и 4 текста вклучени во нова рубрика на автори од најновата генерација – ѕвезди и протези.
Бројот е отворен со интервју со Славчо Ковилоски, добитник на наградата за книжевен опус „Современост”, кој предупредува на необјективниот и навивачки однос кој за жал преовладува во составувањето на одредени избори на македонската литература од најновите генерации, потоа следи избор проза од Гордана Каракашевска, Марија Ралповска, Даниела Андоновска – Трајковска, Сузана Камберова и други. Поетите Стефан Марковски, Љубинка Донева, Јосип Коцев, Владо Поповски, Ива Дамјановски, Марина Икономова Шокева и други се застапени со поезија. Во бројот е застапена и драмата „Bad Carma” од Стефан Марковски, а во рубриките со преводи и есеи/анализи застапени се прилози од: Росен Друмев, Роза Бојанова, Иван Сухиванов, Катарина Фиаменго, Енеида Мјептри, Васил Дрвошанов, Сузи Тенева, Мишо Китаноски, Ана Витанова – Рингачева, како и есеисти од помладата генерацијa: Марија Цветкоска, Кристијан Стефановски, Анамарија Милошевска и Мила Пешевска.

This image has an empty alt attribute; its file name is sovremenost.png


Во делот Вреднувања беа вклучени 10 прилози од повеќе македонски книжевници, меѓу кои: Никола Алтиев, Марина Мијаковска, Васил Тоциновски, Филип Клетников, Славчо Ковилоски, Бобан Ристевски, Снежана Стојчевска, Трајче Бјадов и Љупка Евроска.

Новитет е рубриката Ѕвезди и протези посветена на најновата генерација македонски автори, каде беа вклучени текстови од: Софија Тодороска, Светла Јакшиќ, Емануаела Ковачевска Китановска и Пепи Стамков. Крајот е отстапен за афоризмите на Љубинка Донева.


Илустрациите во вториот број за 2022 година се дело на младата сликарка Аница Китаноска, а изданието наскоро ќе може да се најде во книжарниците низ Скопје.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …