Њујорк Тајмс: Во ЕУ и’ со вакцината Синофарм

Европската унија денес донесе одлука да ги отвори границите за сите патници кои го завршија процесот на вакцинација против коронавирусот со вакцини одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА) или Светската здравствена организација (СЗО), пишува Њујорк Тајмс. Ова значи дека покрај вакцините одобрени од ЕМА – Фајзер, Модерна, Астра Зенека и Џонсон и Џонсон – на списокот ќе се најдат и вакцините на кинескиот производител Синофарм, кој вакцинираше поголем дел од популацијата на Македонија.
Европската унија признава четири вакцини одобрени од ЕМА. Тоа се Фајзер, АстраЗенека, Џонсон и Џонсон и Модерна. Руската Спутник В сè уште е во фаза на одобрување од ЕМА, додека кинеската вакцина Синофарм е одобрена само од СЗО, според Њујорк Тајмс.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Apple Beroozresani | بروزرسانی (@beroozresani)


Светската здравствена организација ја одобри кинеската вакцина за итна употреба на 7. мај годинава. Вакцината, една од двете кинески вакцини што веќе се дадени на стотици милиони луѓе во Кина и во странство, е исто така и првата вакцина за коронавирус одобрена од СЗО, а која не е развиена на Запад, пренесува Ројтерс.
Да потсетиме, земјите-членки на ЕУ денеска се согласија повторно да ги отворат границите за патниците кои биле целосно вакцинирани против коронавирусот.



„Советот на ЕУ препорача земјите-членки да олеснат некои од сегашните ограничувања, особено за оние кои биле вакцинирани со вакцина одобрена од ЕУ. Списокот на земји кои не се членки на ЕУ и имаат добра епидемиолошка состојба наскоро треба да се прошири, од каде што исто така ќе биде дозволено патување врз основа на новите критериуми договорени денес. „Го поздравуваме овој договор, кој доаѓа само две и пол недели откако Комисијата го предложи“, било речено во Брисел.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 17.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Последниот ден од работната недела може да биде еден од постресните за Овенот. …