„НИНГЈО“ – уникатната изложба на која ќе бидат претставени уметноста и убавината на јапонските кукли

Вечерва во 19:00 часот, во НУ Археолошки музеј на Република Македонија, а по повод 30 годишнината од воспоставувањето на билатералните односи помеѓу Јапонија и Македонија, ќе биде отворена уникатната изложба на јапонски кукли „НИНГЈО“.

Куклите се незаменлив дел од нашето секојдневие, но може да се каже дека разновидноста и деликатната ракотворба во комбинација со длабока љубов се карактеристични за куклите во јапонската култура. Оваа изложба ќе претстави сеопфатен вовед за јапонските кукли, од Каташиро и Амагацу, кои се сметаат за архетипови на јапонски кукли, до локални кукли кои ја рефлектираат климата и анегдотите од целата земја, како и кукли играчки од денешницата кои се ценети низ целиот свет. Нингјо значи „кукла“ или „човечки облик“ на јапонски и културата за кукли која се негува низ годините во Јапонија ќе биде претставена со внимателно избрани 67 кукли поделени во 4 категории: „Нингјо за молитва на детскиот развој“, „Нингјо уметност“, „Нингјо фолклор“ и „Ширењето на нингјо културата“.


Цениме што секоја кукла на оваа патувачка изложба ќе биде добредојдена и пречекана низ целиот свет и се надеваме дека голем број на посетители ќе го искусат шармот на јапонските кукли.

Изложбата е организирана од Јапонската фондација, Археолошки музеј и Амбасадата на Јапонија со поддршка на Министерството за култура на Македонија.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Аквизиции – Донации 2022 – 2023“ – нова изложба во Музејот на современата уметност во Скопје

Од 18 мај, во Музејот на современата уметност – Скопје, посетителите ќе можат да ја …