Нетфликс снима филм за Евровизија

Компанијата Нетфликс снима филм, комедија, под наслов „Евровизија“.
Медиумите во САД наведуваат дека Нетфликс сака дополнително да се пробие на пазарот во Европа и дека најпознатиот фестивал на лесни ноти им се видел како добра можност за тоа.
Пишуваат и дека еден од авторите и глумци ќе биде Бил Фарел, комичар познат ширум светот со емисијта „Saturday Night Live“, но и бројните филмски улоги.
Деталите за филмот за Евровизија не се познати, но се чини дека челниците на фестивалот го дале својот благослов со оглед на тоа дека Фарел оваа година го следел Евросонг во присуство на еден од нив.
Од имињата кои најверојатно ќе бидат дел од проектот се спомнува и Ендрју Стил, бившиот сценарист за SNL. Стил е исто така љубител на Евровизија од 1999. година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: На денешен ден пред 23 години се збогувавме од нашиот истакнат актер Јосиф Јосифовски

Јосиф Јосифовски бил роден во Велес на 29 август 1927 година. Актер кој долги години …