(ВИДЕО) Нова верзија на хитот: Контрабас, тамбура и Џибони се добитна комбинација!

Златан Стипишиќ Џибони е идол на многу млади музичари во Хрватска но и во поширокиот регион. Тој е еден од најдолговечните и најуспешни уметници на сцената, а познат е и по тоа што сака соработка и ги поттикнува младите во нивната кариера.
Така и овојпат избрал двајца талентирани млади музичари, Филип Новосел и Тихомир Хојсак. Снимиле малку поинкава верзиј на неговата песна „Hodaj” – со придружба на тамбура и контрабас.
Неочекуваната соработка дала сосема нов дух на хитот на Џибони.
„Кога двајца талентирани момчиња ми ја претставија идејата за соработка веднаш ми се допадна. Верувам дека ќе се согласите дека вакво нешто не сме смееле да пропуштиме да направиме“, рекол кантавторот од Сплит.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

SoundEdge објавија две нови песни

Музиката што долго време лебдеше во воздухот на SoundEdge студиото, што излегуваше и влегуваше од …