Војводата и војвотката од Сасекс ќе бидат поканети на крунисувањето на кралот и покрај тврдењата што ги изнеле против кралското семејство во документарен филм на Нетфликс, објавија странските медиуми.
Ако сакаат да присуствуваат, Хари и Меган ќе седнат на историската церемонија на Чарлс на 6. мај, пишува The Daily Telegraph.
View this post on Instagram
Списоците на гости за церемонијата во Вестминстерската опатија допрва треба да се изготват, но извор за весникот изјавил: „Сите членови на семејството ќе бидат добредојдени“. Бакингемската палата одбила да коментира. Но, изворот за кралот рекол: „Тој ги сака двата сина“. Разбирливо е дека Сасексите сè уште немаат добиено покана.
Ниту Бакингем ниту палатата Кенсингтон не ги коментирале тврдењата на Хари дека принцот од Велс го оставил својот брат преплашен откако тој врескал и викал по него за време на состанокот во Сандрингам.
Хари, исто така, во својата контроверзна серија од шест дела тврдел дека Кенсингтонската палата лажела за да го заштити неговиот брат.
Тој го обвинил Чарлс дека лажел на напнатата кризна средба со кралицата за Мегсит во јануари 2020 година.
Се вели дека Чарлс е повреден од критиките на Хари и Меган кон кралското семејство, но не се откажал од надежта за изградба на мостови, објави Daily Express.
View this post on Instagram
Се додава дека кралот не сака да им ги одземе титулите на Сасексите
На церемонијата на крунисување на 6 мај, и Чарлс и Камила ќе бидат крунисани пред стотици гости во Вестминстерската опатија.
Палатата соопшти дека церемонијата ќе биде „вкоренета во долготрајната традиција и раскош“, но и „ја одразува улогата на монархот денес и гледа кон иднината“.
Фото: Принтскрин/Instagram