Украина ги избра своите претставници за Евровизија 2023 година. Поп дуото наречено „Творчи“ ќе биде новиот претставник на оваа земја.
Настапот се емитувал од засолниште во Киев, а победничката песна „Срце од челик“ била првата што официјално била потврдена за натпреварот.
View this post on Instagram
„Ќе се обидеме да направиме се за достоинствено да ја претставиме Украина“, рекол членот на групата Ендру Хукулиак.
Да потсетиме, иако украинската група „Калушки“ победи на овогодинешниот натпревар, поради војната, следниот Евросонг ќе се организира во Ливерпул.
View this post on Instagram
Метро станицата во Киев, која со месеци се користи како засолниште, сега е претворена во ТВ студио.
За време на настапот, танчерите носеле гас-маски бидејќи на екраните се појавиле знаци за предупредување за нуклеарно оружје, додека се слушаат стиховите: „Не плашете се да го кажувате своето мислење“.
View this post on Instagram
„Не мислевме дека ќе победиме, но сакаме да им се заблагодариме на сите кои нè поддржаа, кои ја слушаат нашата музика и кои се борат на првите борбени линии“, додал Хукулиак.
Украина за прв пат учествуваше на Евровизија во 2003 година. Оттогаш, победи три пати, а заврши надвор од првите десет само шест пати, што ја прави една од најуспешните земји на натпреварот.
„Направивме се што е можно овој натпревар да биде во полн ек и уште еднаш да ги обединиме Украинците околу овие важни избори за најголемата музичка сцена во Европа“, изјавила за Би-Би-Си Оксана Скибинска, шеф на делегацијата на Евровизија.
Таа додала дека првата одлука била да се снима од прифатилиштето.
„Тоа не увери дека самата претстава може да продолжи без прекин, бидејќи без разлика дали имавме предупредувања за воздушен напад, работата можеше да продолжи“, објаснила таа.
На натпреварот учествуваат вкупно 37 земји, а имаат рок до март да ги потврдат своите тимови и изведувачи за натпреварот. Големото финале на Изборот за песна на Евровизија 2023 година ќе се одржи на 13 мај 2023 година.
Фото: Принтскрин/Instagram