(ВИДЕО+ФОТО) Маргот Роби за сцената со оргија во новиот филм: „Се прашував дали можеме да ја покажеме“

Холивудската актерка Маргот Роби признала дека не е сигурна дали новиот филм „Babylon“ во кој глуми може да содржи такви експлицитни сцени со оргија, додека нејзиниот колега Бред Пит признал дека количината на голотија во филмот била шокантна, дури и за него.


Роби ги раскажала деталите на актерката Кери Малиган во склоп на серијата „Актери за актерите“. Малиган нагласила колку е бурна воведната сцена, со што Роби се согласила, истакнувајќи дека тоа наликува на оргија.

View this post on Instagram

A post shared by Babylon (@babylonmovie)


„Кога го прочитав сценариото, мислев дека ова е како „Слаткиот живот“ и „Волкот од Волстрит“ да добијат бебе. Ми се допаѓа! Но, се прашував, дали воопшто ни е дозволено да го покажеме? Имаше толку многу сцени каде што се прашував како ќе го направам тоа“, споделила познатата актерка.


View this post on Instagram

A post shared by Babylon (@babylonmovie)


Малиган тогаш рекла дека го гледала филмот со нејзината мајка, па Роби се пошегувала дека секој треба.
Маргот Роби го толкувала ликот на самодеструктивата ѕвезда на немиот филм, Нели Ларој, а открила дека никогаш во животот не работела толку за филм како за „Babylon“.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …