(ФОТО) МАЛКУ ПОИНАКОВ ИЗГЛЕД – Колинда Грабар-Китаровиќ во елегантно издание го проследи последниот натпревар на „Ватрените“ на СП во Катар

Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ го избрала најелегантното издание досега за последниот настап на својата фудбалска репрезентација на Светското првенство во Катар.
Грабар-Китаровиќ се фотографирала на трибините на Калифа Интернационал стадионот, а вниманието го привлекла со својата елегантна комбинација.
Додека за претходните натпревари на ватрените таа избирала навивачки аутфити, овој пат се појави во елегантен бел фустан до колена.
Заедно со фустанот носеше и беж салонки, а околу вратот врзала шал со препознатливите црвено-бели квадрати.

Исто така, таа во еден момент гордо го раширила хрватското знаме и се фотографирала со насмевка.
„Уште еднаш, но овој пат посилно! Целиот свет ги знае нашите навивачи. Целиот свет сега гледа и следи за да види како играат Хрватите“, напишала таа на Инстаграм со фотографија од стадионот.



Поранешната хрватска претседателка го привлече вниманието и со своето синоќешно појавување на модна ревија во Катар, а со својата витка фигура и модна комбинација заработи голем број комплименти.



Грабар-Китаровиќ од почетокот на првенството беше меѓу најжестоките навивачи на Хрватска, а многумина ја препознаа по впечатливите модни комбинации – од народни носии до најновото елегантно издание.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …