Ненадејно починал, Рубин Кантарџиоски – Кантар, пејачот на V.I.S. VOX од Прилеп

Со жалење соопштуваме дека нашиот вокален солист Рубин Кантарџиоски – Кантар ненадејно почина во Прилеп, напишаа од бендот на нивната страна на Фејсбук.
Неговиот фантастичен глас вокал беше и е препознатлив печат на песните на V.I.S. VOX.
Рубин Кантар остави трага на македонската сцена со својот бенд од 90-те години Don’t!Who!One!
Рубин соработуваше и со Мизар на концерти низ регионот.
Со VI.S. VOX ги сними албумите „Песни што од секогаш сте сакале да ги слушнете а не сте имале каде“ ( 2012) и „Теодорова сабота ( 2022)

This image has an empty alt attribute; its file name is vis-vox.jpg
Деновиве се планираше промоција на песната „Тагоре“ со стихови од Рабиндранат Тагоре.
„Кој си ти читателе, кој по едно столетие ќе ги имаш моите песни.
Јас не можам да ти испратам ниту еден цвет од ова пролетно богатство…
Во радоста на своето срце да почувствуваш
Жива радост што пееше во едно пролетно утро
Испраќајќи го својот весел глас
Преку стотина лета.“


И така, Рубин, во едно пролетно утро, го испрати својот баршунаст и тажен глас во вечноста!
Почивај во мир, друже! Испиј една ракија со Ушко, Милан, Bowie…


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Фестивал за современа музика МОДОАРС 2024

Започнува седумнаесеттото издание на Фестивалот за современа музика МОДОАРС. На отварањето на фестивалот МОДОАРС 2024 …