(ФОТО) НЕМА ПОВЕЌЕ БРАТСКА ЉУБОВ: „Вилијам е многу вознемирен поради интервјуто со Хари и Меган!“

Иако принцот Вилијам сè уште се надева дека еден ден ќе ја поправи врската со неговиот брат, тоа не изгледа веројатно во моментот. Тој бил лут на Хари за сите коментари што ги кажал во интервјуто со Опра
Принцот Вилијам е многу вознемирен од интервјуто што Меган Маркл и принцот Хари го дадоа за Опра, пренесува Сан.
Извори блиски до Вилијам велат дека неговите рани околу заминувањето на Хари и Меган се уште се свежи и покрај тоа што помина околу една година откако парот замина во Калифорнија, а по последните коментари што ги дадоа во едно интервју, Вилијам повеќе не знае што да мисли.
Му недостасува Хари, открива неговиот пријател:
„Откако помина чувството на лутина, сфати дека му недостига неговиот брат. Тие споделија сè во животот, канцеларијата, состаноците, се забавуваа заедно“, открил изворот.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Prince Harry (Updates) (@harry.dukeofsussex)


Сепак, пријател на принцот открива дека Вилијам сепак се надева дека неговиот однос со неговиот брат ќе се подобри некогаш и покрај тоа што бил лут на Хари и порано, а особено со последните коментари за кралското семејство во кои тој и Меган ги обвинија за расизам. Браќата се состанале по интервјуто, но нивниот разговор не завршил добро.


Покрај тоа, Вилијам е вознемирен што Хари рекол дека Вилијам и неговиот татко, принцот Чарлс, се чувствуваат заробени околу своите кралски должности. Вилијам, наводно, нема проблеми со извршувањето на своите должности и целосно ја прифатил улогата.
Навистина, како што пишуваат англиските медиуми, неговата врска со кралицата Елизабета од ден на ден е се подобра и подобра со оглед на тоа што Вилијам прв го бранел кралското семејство по интервјуто. Неговата врска со неговиот татко е исто така подобра бидејќи Вилијам гледа сè повеќе сличности меѓу себе и него, секој ден.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …