Националната опера и балет известува – Гала оперскиот концерт, во рамките на „Есенски музички свечености“ 2020, вечерва, ќе започне во 19.00 часот

Националната опера и балет известува дека Гала оперскиот концерт, настан во рамките на фестивалот „Есенски музички свечености“ 2020 закажан на 4 ноември, ќе започне во 19.00 часот, наместо во 20.00 часот согласно новите мерки на Владата.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести.


Задолжително е носење на заштитна маска. Ве молиме, почитувајте ги мерките за заштита.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …