Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам (45) и неговата сопруга Викторија Бекам (46) потпишале договор со продуцентската куќа „Нетфликс“ вреден 16. милиони фунти.
Двојката, која тежи 769. милиони фунти, ќе снима серија во која ќе бидат прикажани невидени моменти од нивното семејство од секојдневниот живот, а на сето тоа се согласиле бидејќи сакале камера да ги забележи семејните моменти.
Шоуто ќе се врти околу животот на Дејвид и секој ден ќе го следи снимателска екипа. Гледачите исто така ќе можат да видат смешни моменти од минатото кога Дејвид и се додворувал на Викторија.
„Серијата на Нетфликс ќе прикаже сосема поинаква страна на Дејвид, онаа што јавноста многу ретко може да ја види“, изјавил извор близок до семејството.
„Секој во семејството на Давид е архивист. Тие гордо ја документираа неговата кариера уште од момче и ги чуваа сите стари исечоци од локалните весници, училишни записи и тимски фотографии“, додал изворот.
Неговите колеги од Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, Рајан Гигс и други исто така ќе зборуваат во серијата…