Настап на Вероника Караколева во „ОРО“

Вечерва во Оро радио бар, со почеток во 20:30 часот ќе може да го проследите концертот на на Вероника Караколева во пијано придружба од Проф. м-р Дилек Реџеп.

Вероника е класично дипломиран професионален оперски пејач со големо искуство во изведување на сцена. Од своето детство до денес успешно ги поминува сите фази на музичко образование, од нижо музичко, преку средно уметничко, а по завршувањето на Националната Музикална Академија „Проф. Панчо Владигеров“ во Софија, работи како драмски сопран.


Репертоарот се состои со дела од барок па се до современа музика.

На програмата за вечерта се:
– “I got rhythm” од G. Gershwin
– “Summertime” од G. Gershwin
– “Somebody loves me” од G. Gershwin
– П. Маскањи – Арија на Сузел “Son pochi fiori” од операта “Пријателот Фриц”
+ бонус изненадување


Влез: 200 денари.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …