ВИКЕНД МЕТЕО АНАЛИЗА: Влажниот бран од Медитеранот ќе заминува од нашата територија!

Метео прогноза на Славчо Попоски:

По врнежите од дожд кој ги имаме речиси насекаде низ Македонија, и се поинтензивни во западните и во јужните предели од државава, каде понекаде надминаа и 30 литри на метар квадратен воден талог, за време на овој викенд очекуваме краткотрајна стабилизација на времето и повторно натпросечно топло време.


Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ќе има сосема мали услови за слаб локален дожд, а на највисоките планински врвови можно е провејување на слаб снег. Ветерот кој го имаме од југоисточен правец ќе ја намали својата брзина.

Во Скопје и околината ќе имаме слично време, променливо облачно со сончеви периоди, а ветерот ќе ја намали својата брзина.


Што се однесува на температурите, тие повторно ќе бидат натпросечно високи и речиси насекаде ќе надминуваат 10 степени, понекаде и 15 степени а во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе се искачат и до околу 20 степени.

Искористете го максимално викендот кој е пред нас, поради тоа што од понеделник ни следува нова гоилема промена навремето, но детални информации околу ова очекувајте во следните наши објави.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

АПЕЛИРАМЕ НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

Метео прогноза на Славчо Попоски Почитувани наши, топлиот бран кој особено од викендот ќе ја …