NAIM ја отвори 36. Меѓународна изложба на иновации и нови технологии „Пронаоѓаштво – Белград 2021“

По покана од Сојуз на пронаоѓачи од Белград, Националната асоцијација на пронаоѓачите на Македонија (НАПМ/NAIM) ја имаше честа да ја отвори 36. Меѓународна изложба на иновации и нови технологии „Пронаоѓаштво – Белград 2021“, Република Србија. Церемонијата на отварањето ја изврши Претседателот на NAIM, Мирко Узелац.


Меѓународната изложба на иновации и нови технологии „Пронаоѓаштво – Белград 2021“, која се одржа од 1 до 3 јуни 2021, беше во организација на Сојузот на пронаоѓачи од Белград. На изложбата, која се одржа „во живо“ во Етнографскиот музеј во Белград, пред многубројната публика свои иновации изложија пронаоѓачи од 15 земји, меѓу кои и од Македонија.

Во силна конкуренција, македонските пронаоѓачи освоија вредни награди од страна на Стручното жири. Во Стручното жири учествуваше и македонскиот претставник – Слободанка Трајковска, од Државниот завод за индустриска сопственост.


Награди добија:


Д-р Драган Јованов – Златен медал

Борис Дескоски – Златен медал

Живка Николова – Димитриевска – Златен медал

Михаил Арсовски – Златен медал

Ирена Димитриевска – Сребрен медал

Владимир Филевски – специјална награда за посебен придонес за развој на пронаоѓаштвото – Златен медал, од Руската железничка асоцијација.

На свечената промоција организирана од NAIM, одржана во „Зелениот покрив“ на Домот на културата „Кочо Рацин“ („Домот на градежниците“), наградите на пронаоѓачите им ги врачи Мирко Узелац, претседателот на NAIM.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Новиот Samsung Galaxy A55 5G и неговите извонредни перформанси!

Со телефонот Galaxy A55 5G од последната Galaxy линија која Samsung неодамна ја претстави, уште …