„Современост“ ја објави стихозбирката „Спомени“ од Ристо Маџунков

Стихозбирката „Спомени“ од македонскиот поет Ристо Маџунков беше објавена неодамна во издание на „Современост“.

Збирката содржи 70-на песни, од кои најголемиот дел претставуваат поетски минијатури – искри на мудроста со три до четири стихови. Автобиографското во спомените на Ристо Маџунков логички има првостепено значење во поетското писмо како радост и вознес од една и како поразија од друга страна.


Спомените како синоним на самопроверка и превреднување едноставно ја испишуваат дефиницијата за етичките и естетски димензии на автохтоноста на творечката лабораторија на поетот.  Неговата песна е кратка, јасна, мудра, читлива, едноставна и отворена за дијалог со читателите. Патот од едната до другата страна, изоденоста од субјектот/автор до колективот/читателите е прав и рамен. Пораката како тенденција е неретко нема, нечујна воздишка оти смртта е ништо, ама животот е мисла и смисла на космосот.

Ристо Маџунков е роден на 24.05.1948 година во Струмица. Од 2006 година живее и работи во Торонто, Канада. Покрај „Спомени“, автор е и на поетските книги: „Семки“ (Современост, 2019), „Вечен збор“, второ преработено издание (Антолог, 2018), „Прашинки“ (Антолог, 2017), „Капки“ (2 Август, 2014), „Глас во пустина“ (НИП 21, 1994), „Вечен збор“, прво издание (НИП 21, 1992).


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Маалска чистка во Кисела Вода во рамките на „Генералка Викенд“

Волонтерскиот Центар Скопје се приклучува кон пролетната акција за чистење и селектирање отпад „Генералка викенд …