ЕФИКАСНО – 12. рецепти за чистење на белите дробови: Липата и овесот ќе направат чудо!

Билните чаеви ќе помогнат да се ублажат ефектите од конзумирањето на никотин
Според Светската здравствена организација, околу шест милиони луѓе ширум светот умираат од последиците од пушењето годишно. Во ризичната група не спаѓаат само активните пушачи. Валканата слуз и други штетни материи се таложат и во белите дробови на пасивните пушачи.
Чадот од тутун содржи повеќе од 7.000 опасни и токсични хемикалии, вклучувајќи 60 канцерогени. За да се олеснат ефектите од вдишување чад од тутун и да се исчистат белите дробови, ќе помогнат билните чаеви.

1. Липа
Една лажичка сув цвет од липа полијте со чаша врела вода. Оставете да отстои половина час и пијте една третина од чашата пред секој оброк.


3. Пелин
Една лажичка сув пелин полијте со 250 мл врела вода. Оставете да отстои 40 минути. Пијте 1/3 чаша пред секој оброк.


2. Оригано и подбел
Измешајте диво оригано и подбел во сооднос 1:2. Полијте лажица од смесата со половина литар врела вода. Оставете 40 минути да отстои. Пијте три пати на ден по половина чаша.

4. Борови пупки
Десет грама сецкани пупки (млади борови шишарки) полијте со чаша врела вода. Оставете да отстои 4 часа. Земајте една лажица чај 4-5 пати на ден.


5. Еукалиптус
Полијте една лажица еукалиптус со 300 мл врела вода. Оставете да отстои 40 минути. Додадете малку мед и пијте две пати на ден по половина чаша.

6. Овес
Истурете сто грама нелупени зрна овес со 3 литри врела вода. Варете еден час на тивок оган, а потоа додадете лажица невен и варете уште 5 минути. Оставете да отстои еден час. Исцедете и пијте го чајот во мали голтки секогаш кога ќе се појави желба за цигара. Третманот трае 30 дена.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 06.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ве очекува одличен работен ден, со полн интензитет да започнете нов професионален циклус …