На денешен ден беше роден нашиот актер, драматург и режисер Борис Мајсторов

Борис Мајсторов е роден на 17 декември 1935 година во Велес. Основното и средното образование ги има завршено во родниот град. Потоа се запишал на стоматологија на факултетот во Белград. Меѓутоа набргу се откажал и се вратил во Скопје, каде се запишал на Правниот Факултет.

Целиот свој работен век го поминал во Македонското Радио оставајки зад себе препознатливи антологиски ликови на „Дедо Аврам“, „Сто и една приказна“ и во режисерската реализација на емисијата „Глас од татковината“. Добитник е на повеќе престижни професионални награди. Во својата неверојатна 50 годишна кариера го достигнал врвот на уметничката професија.


Мајсторов во Македонското Радио има оставено огромна фонотека од радио-драми, раскази, поетски интерпретации и хумористични емисии, а во Македонската телевизија безброј цртани филмови во кои го позајмувал гласот на сите познати детски јунаци.

Починал на 17 јануари 2008 година во Скопје.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоцијата на новата книга на проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева „Културни практики“

Денес, со почеток во 19:00 часот, во бифе Тафталиџе, книгоиздателството Ми-Ан ве кани на промоцијата …