Сеќавање – на денешен ден почина нашиот истакнат писател, драматург и сатиричар Иван Карадак

Иван Карадак е роден на 16 јули 1946 година во Охрид. Тој бил таткото на модерната македонска сатира. Најпознат бил по емисијата „Хихирику” што секоја недела одела на првата програма на македонското радио, во 11 часот, цели четириесет години.

Карадак бил автор на театарските претстави: „Угоре високо – Удолу длабоко”, „Хумористична партија “, адаптацијата на текстот „Како да ја убиеш сопругата и зошто”, три новогодишни претстави за деца, првонаградената радио-драма „Мајче” и многу други. Автор бил и на неколку книги: афоризмите „Коприварник”, сатиричните песни „Талкач по душата“, сатиричните песни „Записи врз водата”, куси сценарија „Лајач на месечина” и најновата книга афоризми „Мисли со Боцки “.


Бил автор и на многу телевизиски драми и серии, меѓу кои: првонаградената „Цвеќе на карпата “, познатите „Камчевци”, „Алф од Ново Лисиче “, „Ало Ало “, „Агенција осамени срца”, „Балкан бенд”, “Во кафулето кај Гане”, “Црно бело во боја”, “Театарче лево ќоше”, “Битолски лакрдии” и други.

Добитник на многу награди меѓу кои државната награда „Св. Климент Охридски“. Негова ќерка е македонската писателка Марта Маркоска.


Починал во Скопје на 17 декември 2017 година.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …