Новогодишна шепаста забава во Цреша Бар

Во организација на  Шепасти Ентузијасти – The Barking Lot Shelter, денес со почеток во 11:30 часот во Цреша Бар ќе се одржи Новогодишна шепаста забава.

Ве очекуваме заедно со вашите миленици во Цреша Бар, на нашиот предновогодишен настан од хуманитарен карактер. На истиот ќе можете да си купите најразлични работи како маички, новогодишни честитки, новогодишни подметачи, троби… и на тој начин да донирате за нашите кучиња.


Многу наши кучиња имаат потреба од операции, лекарства, тестови, вакцини, храна, итн па собраните средства ќе бидат наменети за сите животни за кои моментално се грижиме.

На оваа предновогодишна забава ќе можете да се запознаете со луѓето кои стојат зад Шепасти Ентузијасти – The Barking Lot Shelter и нашата работа и секојдневна борба.


Ве очекуваме!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави нашиот актер Кире Печијаревски

Кире Печијаревски е роден на 3 мај 1949 година во Скопје. Тој е македонски филмски …