Матине – Базар во Макка Бар

Денес, во Макка бар, со почеток од 12:00 часот, во организација на „Вет Свет“ традиционално по петти пат ќе се одржи предновогодишна хуманитарна дружба, со цел да се помогне на бездомните крзнени пријателчиња.

Разубавете го вашето секојдневие со календар, слика, честитка или накит од локален уметник!
Ќе ја поддржите алтернативната уметност
Ќе ја поттикнете креативноста на вашите деца
Со мал гест ќе дадете голем придонес за благосостојбата на бездомните мачиња


Ќе се забавуваме заедно, ќе изработуваме накит од монистри, ќе цртаме на чаши и ќе изработуваме картички со колаж техника, а за убава атмосфера со специјална музичка селекција ќе се погрижи DJ Tecktone.

Заедно преку забава и изработка на подароци да им дадеме поттик и на нашите деца дека се дел од нешто поголемо и да го искусиме дарот на хуманоста.


Затоа што големите промени доаѓаат со мали чекори. Да покажеме дека освен што сме одговорни сопственици на домашни миленици, знаеме да помогнеме и на оние кои немаат топол дом!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …