На 9 – ти Декември отварање на изложбата „Форми на системот” на младиот автор Иван Аџиевски

На 9. ти декември е закажано отварањето на изложбата „Форми на системот” на младиот автор Иван Аџиевски во Културно социалниот простор Центар-Јадро во 19.00часот.

„Форми на системот” е трета самостојна изложба на младиот автор Аџиевски Иван, истата преставува мултимедијален концептуален проект во кој преку ликовната уметност, инсталациите, скулптурата, како и видео проекцијата авторот се обидува на пошироката јавност да и покаже критицизам на реалната состојба на коруптивниот неправичен систем со праќање порака за надминување на таквата состојба.


Цел на проектот е поттикнување на јавниот диалог за надминување на корупцијата и неправичноста на централно и на локално ниво од правниот систем како социјален проблем, како и стимулирање на повисока свест кај јавноста за овој проблем како пречка на евроинтеграција.

Проектот „Форми на системот” е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија и е дел од ,,Програмата за визуелни уметности од национално значење за 2023 година”.


Отварањето на изложбата „Форми на системот” е закажана во Културно социалниот простор Центар-Јадро на 9 – ти Декември на Светскиот ден за борба против корупцијата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Аквизиции – Донации 2022 – 2023“ – нова изложба во Музејот на современата уметност во Скопје

Од 18 мај, во Музејот на современата уметност – Скопје, посетителите ќе можат да ја …