Попладнево, таткото на убиеното 14-годишна Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, беше изведен пред Кривичниот суд во Скопје. Скопскиот Кривичен суд го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство и определи краткотраен притвор од 48 часа за таткото на Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, кој е еден од осомничените за убиството.
Како што наведуваат од Кривичниот суд, притворот е опредлелен заради опасност од бегство и влијанија врв сведоци.
На видеото објавено од 360 степени, се гледа како Ѓорчевски влегува во судот со лисици на рацете и кренати палци кон новинарите и камерите кои го чекаа.
Скопскиот Кривичен суд го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство и определи краткотраен притвор од 48 часа за таткото на Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, кој е еден од осомничените за убиството.
Како што наведуваат од Кривичниот суд, притворот е опредлелен заради опасност од бегство и влијанија врв сведоци.
„За осомничениот кој е во бегство, по итна постапка е донесена Наредба за спроведување истрага за кривични дела – Грабнување од член 141 и Убиство од член 123 од КЗ. Јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот и донесе решение со кое притворската мерка ќе започне да се спроведува веднаш по неговото пронаоѓање и лишување од слобода“, соопшти вечерва Јавното обвинителство.