На 7ми и 8ми јули Кратово ќе живее во духот на добрата забава со наша македонска музика Сите се подготвени за ЗЛАТНИ ДЕНОВИ КРАТОВО 2023

Фестивалот Златни денови Кратово 2023 е приказна која започнува во 2014-та и од тогаш до денес има една цел да ги сплоти, не само кратовчани, туку и сите љубители на убавата музика и одличната забава.

Токму затоа, како и претходните години, на 7ми и 8ми јули, сите патишта водат во градот на мостовите и кулите кој ќе заживее во ритамот на најубавите поп и народни песни.


Фестивалот започнува во петок, на 7-ми јули во 20 часот, со ѕвездена постава од реномирани уметници. Предводнци во првиот фестивалски ден ќе бидат дел од Мераклиите од Мерак Меана како Јордан Митев кој на фестивалската сцена ќе ја промовира својата нова песна и спотот за истата кој е снимен токму во Кратово…потоа едниствената Благица Павловска, Елена Андоновска, Горан и Ленче Кукиќ, Елена Јовческа, Душко Георгиевски, а сите придружувани од оркестарот на Мерак Меана, Скопски Боеми и Браќата Нуне.

Возбудата и забавата ќе продолжат следниот ден, во сабота, на 8-ми јули, кога фестивалот ќе добие посебен тект со постава на врвни уметници од македонската поп – рок сцена..Ламбе АлабакоскиНокаут, СуперхиксНекст Тајм и ДиЏеј Ерик Фокс се гаранција за незаборавна саботна фестивалска вечер.


Поради природата на овогодинешната програма се очекува Кратово да биде исполнето со еуфорија и среќа која никој нема да ја заборави.

Посебен шарм на целиот фестивал ќе даде Лила Филиповска.


Овој фестивал е одлична можност за секој да се запознае со историјата на прекрасното Кратово и да си ја исполни душата со прекрасна музика, кратовски гурмански специјалитети и одлична забава.

Во интерес на добрата забава и традицијата,кратовчани се подготвуваат во полна пареа и ве покануваат на забава за паметење.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоцијата на новата книга на проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева „Културни практики“

Денес, со почеток во 19:00 часот, во бифе Тафталиџе, книгоиздателството Ми-Ан ве кани на промоцијата …