На 22 октомври ќе започне шеснаесеттиот Моден викенд Скопје

На 22 октомври во „Скопје Мериот Хотел“ ќе започне шеснаесеттиот Моден викенд Скопје на кој до 25 октомври публиката ќе може да види четиринаесет ревии и

презентации, под мотото на сезоната #Stopthetraffik.


Сезоната есен-зима 2017/2018 ќе ја отвори ревијата на „Papaz“ и колекцијата „Подем на гревот“ чии креации ги потпишува дизајнерот Андреј Папаз Ѓоргиевски. Потоа публиката ќе ја види најновата колекција на „Sigma Jewelry“, колекцијата „Маршот на боговите“ на Викторија Арсовска и за крај „Art deco“ на „Ателје Коцарева“. Веднаш по ревиите следува забава во „Дистрикт бар&ресторан“.

Вториот ден ќе започне со студентите кои се под менторство на дизајнерката Лидија Георгиева од


„Институтот за дизајн и инжењеринг на текстил“ на Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ во Скопје. Од идеја за кожурец како прва фаза од развојот на пеперутка, преку

трансформација и финална фаза, 2017 година за студентите е одбележана како година во која континуирано се работи на тема Метаморфоза. Со ревијата ќе биде заокружен целиот метаморфозичен процес кој претрпел еволутивни промени низ три фази.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Охрид беше домаќин на 20-тото издание на Меѓународната регулаторна конференција за телекомуникации во организација на …