(ВИДЕО+ФОТО) Пред 30. години никој не го знаел: Бред Пит во филм со Горица Поповиќ и Милена Дравиќ

Пред 30. години премиерно бил прикажан филмот “Темна страна на сонцето“ во режија на Божо Николиќ. Тоа бил првенец на Бред Пит, а една од партнерките му била и’ Горица Поповиќ.


Глумицата неодамна се потсетила на снимањето на ова остварување и моментот кога првпат го забележала тогаш младиот и непознат Пит, ниту не слутејќи дека подоцна ќе стане еден од најубавите и најдобрите холивудски глумци.
„Божо Николиќ во Будва го снимаше филмот со американски пари. На сетот доаѓа еден млад и убав глумец кој веќе бил популарен меѓу германските туристи бидејќи, веројатно, играл во серијата ’Далас’. Жените ’го бркаа’ за време на снимањето’ се потсетува Горица Поповиќ, и продолжува:
„Беше млад, слаб и како некое пиленце, но и тогаш беше голем професионалец. Прекрасно ја одигра улогата на момче кое не смее да се изложува на сончеви зраци.Дошол да се лекува кај некој тревар а тука ја нашол и својата љубов“ вели Горица.

Инаку, филмот бил сниман во 1988. година но поради војната на просторите на екс Ју, конечно бил завршен во 1997. година


Неподвижната мајка на Бред во филмот ја играла Милена Дравиќ, а Горица Поповиќ била нивна домашна помошничка.
„Тоа не беше голема улога, но мило ми е што имав можност да играм во ист филм со таква голема ѕвезда како Бред Пит. Немам дури ниту фотографија со него, но филмот го чувам на VHS касета“ вели Горица Поповиќ.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …