МЗ: Од денес во функција 75 болнички легла за пациенти заболени од Ковид-19 во болницата на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле

Министерството за здравство информира дека во тек се последните подготовки за ставање во функција на детската болница Козле за прием на Ковид-19 позитивни пациенти. На располагање ќе бидат 60 места за болничко лекување на возрасни и 15 за деца сомнителни и заразени од Ковид-19.  Предвидено е во оваа болница да се носат пациенти со полесна и средна клиничка слика.
Болницата се доекипира со интернистички и инфектолошки тимови, лекари и сестри, кои ќе дојдат и од Инфективна клиника и од внатрешноста.
Уште од почетокот на епидемијата во нашата земја болницата на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле беше дедицирана за третман на сомнителни и заболени деца од Ковид 19. Во моментот во Болницата се сместени 3 дечиња сомнителни за Ковид-19, чии резултати од тестови се чекаат. Од утре Болницата ќе врши прием и на возрасни пациенти заболени од Ковид-19.


Освен на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, болницата „8-ми септември“ која функционира како Ковид центар, сомнителни и заболени пациенти од Ковид-19 се лекуваат и во болниците во Куманово, Тетово, Штип, Велес, Прилеп, Битола, Охрид. Веќе од утре целосно се вклучува  детската болница Козле, а се подготвува и Ковид центар во Кавадарци.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …