Вo руините на замoк во полска пронајден ковчег со сребро од Втората светска војна

Во Втората светска војна, замокот послужил како засолниште за германските војници, затвор и складиште за оружје. Зданието во 1945. година е минирано од полските партизани.

Во полскиот град Нови Сач, се наоѓал кралски замок од 14. век, кој бил делумно разурнат за време на Втората светска војна. Во неговите урнатини пак, тамошните археолози открија сандак со сребрени предмети.
Наодите се ископани од претставници на Асоциацијата за историски истражувања. Во ковчегот има сребрени чаши, вазни, прибор за јадење и садови – вкупно 103 предмета изработени во Полска и Австрија во 19. и 20. век.
Се смета дека среброто им припаѓало на тамошните Евреи, кои германските окупатори во 1942. година ги држеле и егзекутирале кај замокот.
Градот Нови Сач е основан од Вацлав Втори Бохемски во 1292 година, осум години пред тој да стане крал. Местото се наоѓа недалеку од важен трговски пат за Унгарија, што го прави стратешки важна точка.
Во Втората светска војна, замокот послужил како засолниште за германските војници, затвор и складиште за оружје. Зданието во 1945. година е минирано од полските партизани.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре 05.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето?!

Овен Работа: Позитивната енергија и доброто расположение треба да го поттикнат Овенот овој ден да …