„Музиката помеѓу авторот и публиката“ тема на годинашната „Струшка музичка есен“

Од 21 до 23 септември во Струга, се одржа музичко-научната манифестација „Струшка музичка есен“ во организација на Сојузот на композиторите на Македонија, која и годинава донесе разновидна, едукативна и научна програма, теми кои начнаа многу прашања и донесоа конструктивни одговори од областа на музичката уметност и педагогијата. Селектор оваа година беше д-р Мирјана Павловска-Шулајковска, а годинашното издание носеше наслов „Музиката помеѓу авторот и публиката“.
Како што кажува и насловот, фокусот на годинашната СМЕ беше разгледувањето на музиката помеѓу творецот и публиката, односно творечкиот момент на создавањето на музичките дела, нивната анализа и перцепција. Како што беше и најавено, оваа тематика понуди широк дијапазон за претставување на трудови и истражувања и наметна прашањакои би резултирале со нови истражувања во областа на музикологијата, етномузикологијата, музичката византологија, танцовата уметност, музичкото образование и педагогија, културната политика и улогата на медиумите во процесот на музичкото дело од авторот до публиката.


И годинава беа претставени научни трудови од областа на македонското музичко минато и совремие, беа одбележани јубилеи на значајни македонски творци, претставени трудови од областа на медиевистиката и византологијата, анализи и предавања од сферата на музичката педагогија, трудови во кои се прави компарација на музиката со поезијата и филмот, балетот и медиумите, етномузиколошки трудови…
Презентациите и предавањата беа збогатени со концерт на ансамблот за современа музика „Кон Темпора“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на книгата „Кобајаши Мару“ од Анде Јанков

Во Europe House во Велес, денес со почеток во 19:00 часот, во организација на книжевниот …