(ВИДЕО) Објавен трејлерот за Икс Мен: Глумицата од „Игри на престолот“ во една од главните улоги

Студиото „20th Century Fox” го објавил првиот трејлер за новиот филм од серијалот „Икс Мен“ – „Мрачен феникс“. Она што многумина изненадило дека од насловот на филмот првпат е изоставено „Икс Мен“, па филмот се вика „Мрачен феникс“.
Младата глумица Софи Тарнер, една од главните глумици во серијата „Игри на престолот“, се нашла во улогата на Џин греј, која во овој филм добива потполна моќ на Феникс.
Трејлерот дава увид во тоа што публиката може да очекува од, како што нагласува дистрибутерот „Мегаки филм“, во една од најинтригантните приказни на „Икс Мен“ сагата.
Трејлерот го прикажува развојот на Џин Греј од несакано дете кое по грешка предизвикало сообраќајна несреќа до конфликтна и темпераментна жена.
Професорот Икс се обидува да и помогне на Џин да ги совлада моќите, додека Мистик, која ја глуми Џенифер Лоренс, сака да го казни за лажење на младиот мутант.


Очекувано, од другата страна се Магнито и неговите мутанти кои ја охрабруваат Џин да ги ослободи моќите на Мрачниот феникс.
Во „Мрачен Феникс“, Икс Мен екипата се соочува со најстрашниот непријател кој доаѓа од нивните редови, тоа е Џин Греј.
За време на спасувачката мисија во вселената, Џин ја погодува мистериозна космичка сила, која ја направила бескрајно моќна, но и нестабилна при враќањето дома.
Џин кој е без контрола и ги повредува оние кои најмногу ги сака, почнува да ја растура силата која го држи Икс Мен на собир.
Кога семејството ќе почне да се распаѓа, мораат да најдат начин да се обединат и не само да ја сочуваат душата на Џин, туку и да ја спасат планетата од вонземјани кои сакаат да ја искористат моќта на Феникс и да завладеат со галаксијата.
Покрај Софи Тарнер и Џенифер Лоренс, публиката ќе ги гледа и Џејмс Мекавој, Мајкл Фасбендер и Џесика Честејн.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …