МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА И АСОЦИЈАЦИЈАТА НА АРХИТЕКТИ ПОТПИШАА МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА

 Министерството за култура и Асоцијацијата на архитекти денес потпишаа меморандум за меѓусебна соработка во областа на архитектурата и заштитата на недвижното културно наследство.

Прва активност овозможена со потпишување на овој Меморандум за соработка, како што информираат Министерката Ирена Стефоска, Претседателот на ААМ, Мишко Ралев и Претседателката на Собранието на ААМ, Искра Јанковска-Михајловска е вклучувањето на тим професионални кадри, чија специјалност е заштита на објекти од културно наследство, во  стручното тело при Министерството за поддршка на процесите на Охридскиот регион.


Меморандумот предвидува соработка меѓу Министерството и архитектите во планирање проекти и активности поврзани со архитектурата во областа на  заштитата на недвижното културно наследство, како и давање стручни мислења поврзани со архитектурата во проектите што Министерството ќе ги спроведува за заштитата на културното наследство.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …